-->
-->
Во сила ново примирје во Источна Украина
-->
Ново примирје влезе во сила во реонот на конфликтот во источна Украина, пренесе ТАСС.
Повторниот прекин на огнот во Донбас меѓу украинските владини сили и проруски сепаратисти беше договорен во средата.
Основната цел на т. н. „лебно примирје" е да им овозможи на жителите да почнат да ја собираат жетвата. Прекинот на огнот влезе во сила на полноќ и предвидено е да трае до 31 август.
Од 1 јануари до средината на јуни во реонот на конфликтот во источна Украина, според податоците на мониторинг мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), биле убиени 45 и ранети 216 лица.
Бројот на жртвите е поголем во споредба со истиот период минатата година. Тогаш како резултат на конфликтот во Донбас биле убиени 23 и ранети 84 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Репортери без граници: Северна Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина