Бизнис
8. November 2016 - 20:38

Во штедна книшка или во странски акции? Расте интересот за инвестициските фондови

Расте интересот за инвестициските фондови. Македонците досега имаат инвестирано 3,4 милијарди денари или 50 милиони евра во нив. Од друштватва велат дека придобивките од вложувањето во фондовите се во  годишните  приноси кои можат да бидат поголеми од каматите на депозитите во банките и во ликвидноста на средствата кои можат да се повлечат во било кое време и без да се плати казнена камата. Инвеститорот секогаш ќе ги добие парите во целост. Најатрактивни за граѓаните се паричните фондови. Инвеститорите ги гледаат како опција со помала но побрза заработка. Иако имаат помали приноси до 3 отсто годишно тие се посигурни. Парите се инвестираат во депозити на домашни и странски банки. За поголема заработка граѓаните  инвестираат во акциски фондови , чии средства се вложуваат во акции на странски фирми, но се поризични.

Марковски потенцира дека политиката криза како и на се други влијаела и на инвестициските фондови.

Според анализите , 2011 и 2012 година биле најдобри за фондовската  индустрија.