Во пожар во Делчево целосно изгоре објект за чување стока
Во пожар кој беснееше синоќа во населбата Први реон во Делчево до темел изгоре помошен објект за чување стока. Од СВР Штип информираат дека пожарот е пријавен во 20 часот, а бил зафатен објект за чување стока на месноста Плоскави скали во Делчево.
- Увидот на надлежните се уште трае, така што подоцна ќе се знае за причините кои го предизвикале, а засега е пријавена само материјална штета, рече Гордана Панајотова, ПР на СВР Штип.
Според информацијата од Јонче Атанасовски, командир на ТППЕ Делчево, пожарот бил целосно изгаснат во 23 часот.
- Се работеше за објект со многу горливи материјали. Ние во гаснењето на пожарот учествувавме со шест пожарникари и три специјални противпожарни возила. Не дозволивме пожарот да се прошири, а успеавме да ги спасиме животните кои се чуваа во објектот, истакна Атанасовски.
Тој додаде дека ТППЕ во Делчево оваа година имала 40 интервенции од кои околу 70 проценти се интервенции на отворен простор, при пожари на стрништа, меѓи и шума, додека во помал број се интервенциите на запалени оџаци, помошни простории и куќи.
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам