Во Кичево вработени 690 лица преку проектот „Македонија вработува 1 и 2“
Преку проектот „Македонија вработува 1„ вработени се 510 лица, а со проектот „Македонија вработува 2„ вработени се 180 лица, со што вкупно со двата проекта во Кичево се вработени 690, информира раководителот на Центарот за вработување во Кичево Трајче Којчески.
Тој појасни дека по проектот „Македонија вработува 1“, кој што се покажал како многу успешен, во интерес на невработените лица и на работодавачите се започнало со проектот „Македонија вработува 2“, кој стартуваше на 28 јуни 2016 г.одина, а ќе трае до 27 јуни годинава.
Невработено лице може да се вработи преку овај проект ако е активен барател на работа, односно треба да се пријавува на секои 30 дена, а не ги опфаќа т.н. пасивни баратели на работа кои имаат обврска да се пријавуваат на 6 месеци.
Како што нагласи Којчески, постојат повеќе категории на невработени лица што може да се вработат преку овај проект и тоа првата е од 15 до 35 годишна возраст, втората од 35 до 50 години, следна категорија е од 50 до 58 години, четвртата категорија ги опфаќа лицата над 58 години, односно лица пред пензионирање и категорија која ги опфаќа лицата со посебни потреби и социјални случаи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ
-
Претседателката ќе го почитува Уставот
-
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ пред финален договор - распределени министерствата и претседател на Собранието
-
ДИК одлучува за гласањето во Желино
-
Пукање на Пластичарска: Еден загинат, двајца ранети