Македонија
6. May 2017 - 17:06

ВМРО-ДПМНЕ: Собранието на Р.М. ќе биде третиот парламент во регионот каде седници ќе се водат на албански

Талат Џафери најави официјализирање на албанскиот јазик на целата територија на Македонија, а македонскиот парламент ќе стане третиот во Европа во кој седниците ќе се водат на албански јазик, предупредија денеска од ВМРО-ДПМНЕ

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ следи по вчерашното гостување на Џафери на 24 вести.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека и со последните измени на Законот за употреба на јазиците од 2011 Претседателот на Собранието нема право седниците да ги води на албански јазик

Според експертите, со поставувањето на албанските знамиња во кабинетот, Џафери го прекршил законот. Екс министерот за правда Михајло Маневски,  вели дека обвинителството треба да отвори предмет, а Судот соодветно да го казни Џафери.