Бизнис
8. February 2018 - 19:42

Владиниот план не нуди поддршка за малите фирми, обвинуваат работодавачите

Наместо да се казнуваат со високи парични глоби, во првите три години малите и средни бизниси да добиваат само опомени и обуки за тоа како треба да работат за да не ги кршат законите.  Додека  не го разработат бизнисот да немаат обврска од овластен сметководител како што е во европските земји. Од организацијата на работодавачи бараат државата да ги намали обврските за овие фирми. Сето тоа ги чини пари кои тие не можат да ги дадат. Многумина од нив при првото казнување ставаат клуч на врата.

Сметаат дека ниту државниот план за економски раст нема да им помогне на малите бизниси. Го оценија како план во кои се нафрлени идеи кој ќе ги подржи само големите фирми со големи профити, не и оние кои одвај врзуваат крај со крај.

Анѓушев ги отфрли обвинувањата од работодавачите- владиниот план ќе им помогне на сите не само на големите фирми.

Малите и микро претпријатија со по 10 вработени зафаќаат над 80 проценти од вкупниот број на  фирми во земјава. Учествуваат со повеќе од 50 отсто во вкупниот БДП.

Организацијата на работодавачи  со помош на ЕУ ќе спроведе проетк извозен акцелератор за малите бизниси од прехрамбено- преработувачката  индустрија кој треба да им помогне тие да излезат на странските пазари и да го зголемат извозот.