Бизнис
22. јуни 2017 - 19:41

Владата размислува за еврообврзница

Владата размислува за идавање еврообврзница. Се прават пресметки и анализи дали задолжувањето на надворешниот пазар ќе биде поевтино отколку дома. Во моментов ,  според министерот за финансии Тевдовски, податоците  покажуваат дека каматата на странските пазари  е значително намалена, по стабилизиција на политичката криза

Забрзано се работи и на ребаланс на буџетот. Ќе се  крати од сите непродуктивни  трошења , и како што вели Тевдовски, од комодотитетот на луѓето кои се на власт

Тевдовски не откри дали  еврообврзницата евентуално ќе се издаде пред или по ребалансот. Во министерството тимовите забрзано  работат  на прекројување на државанат каса, кој можно е да се најде пред пратениците до крајот на јули или во септември .