Македонија
19. October 2017 - 16:05

Владата расправа по информација за изградба на карго аеродромот во Штип со име ,,Филип Втори‘‘

Алексис Ципрас не се откаѓува од црвените линии, Македонија останува во антиката. Грчкиот поремиер од  Вашингтон порачува дека само со взаемно прифатливо решение за името, Македонија може да биде дел и од НАТО и од ЕУ, иако Трамп не заборавил да му порача дека за САД е важно Македонија да биде дел од НАТО.

Кога меѓународната дипломатија води битка за релаксирање на односите, Македонија се чини заборавил да ги промени позициите.

И додека Атина очекува градење на добри односи преку промена на името на скопскиот аеродорм, новата влада најавува придолжување на изградбата на нов карго аеродорм во Штип кој случајно или не го носи името Филп втори.

Во најавата со која владината прес служба информираше за оддржување на 32та редовна седница помеѓу останатите точки се наведува

Министерството за транспорт и врски на оваа седница на владата ќе ја презентира и информацијата за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот „Изградба на карго аеродром „Филип II“ во Штип.

По побараниот одговор од тимот задолжен за комуникации со јавноиста, на веб страницата на владата исчезна претходно обајвеното име Филип втори.

Одговор за името на карго аеродормот во Штип се уште нема, а деталите за градбата се најевни откако точката ќе помине на владината седница.