Бизнис
16. November 2017 - 16:36

Владата ќе субвеницонира невладини, кои ќе ги учат земјоделците како да работат земјоделие

Невладини организациии ќе ги учат земјоделците  како да  го зголемат производството. Во министерството  за земјоделство нема советодавни служби каде тие би се упатиле за помош. Единствено за  тоа досега  беше надлежна агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.  За ова забелешки имале и од Светска  банка од каде посочиле дека  не се извојуваат  доволно средства за обука  и едукација на земјоделците, што е и главаната причина за слабата искроистеност на парите од Ипа фондовите. Затоа параралено со јакнењето  на капацитетите на Агенцијата агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ќе се финансисраат и невладини организации  за да ги едуцираат земјоделците.

Надлежните уверуваат дека земјоделците зеленатат нафта ќе ја добијат следната година. Поевтинотот гориво го  побарале самите производители откако беше донесена  одлуката за поскапување на акцизата за нафтата  следната година. 

На вчерашаната владина седница се донесе одлука и за дополнителни два денари субвенција за килограмм предадено грозје во регистрирани винарски визби. Дополнителни субвенции ќе има и за производителите на ориз од 18 илјади денари по хектар. А ќе се започне и ос потпишување на договорите со младите земјоделци кои ќе добијат подршка од 10 илјади евра.