Виртуелна библиотека со закони од националната легислатива
Јавното претпријатие „Службен весник на РМ“ најавува дека идната година ќе воведе нова услуга наречена „виртуелна библиотека - е-книга“ преку која ќе може да се чита кој било закон од националната легислатива.
- Сите изданија, а особено пречистените редакциски текстови на закони и закони со коментари од еминентни автори, ќе бидат достапни во форма на е-книга и ќе може да се читаат преку личните компјутери или таблетите со помош на е-читач (e-rider) апликацијата или преку други електронски уреди, соопшти денеска ЈП „Службен весник“.
Виртуелната библиотека, односно понудата на е-изданијата во неа, како нова форма на соопштување и споделување на новините во законската регулатива на Република Македонија, според ЈП „Службен весник“, ќе овозможи за многу кусо време да се изработи текстот и да биде достапен до потенцијалните корисници како е-книга.
- Можноста за користењето на оваа услуга ќе ја има секој член на Интернет-заедницата, а оваа предност, заедно со податокот дека се избегнува и фазата за печатење на книгите, ќе значи и услуга со минимален надомест, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Ни Северна, ниту Република: Силјановска се заколна во Македонија - стигнаа реакциите
-
Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, го повикувам да престане да зборува, изборите поминаа
-
Дали градинките не треба да примаат родители на завршните приредби поради голема кашлица?
-
Македонските водичи бараат поголеми контроли од инспекторите
-
Националната мрежа на земјоделци бара системски решенија за македонскиот аграр
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот