Верниците денеска празнуваат: Според преданијата за се да ви оди од рака испочитувајте еден обичај
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 февруари.
Денеска е Преподобен Исидор Пелусиот.
Уште од раните векови во Црквата се утврдиле два облика на монашки живот: првиот е општожителството, или заедничкото манастирско живеење, а вториот е пустиножителството, или осамувањето и живеењето во постојана тишина на умот за да може да се наслушне таинствениот разговор на Бога со човекот. Еден од големите пустиножители бил свети Исидор, кого Црквата го слави денес. Живеел во петтиот век. Роден е во Египет во семејство на богати родители и стекнал добро образование. Но, уште млад го оставил светот, стапил во еден манастир, а подоцна се повлекол на пусто место близу градот Пелусија, Долен Египет. Набргу се расчул гласот за неговите подвизи и околу него се собрале други монаси. Жи¬веел во постојано молитвено тихување се до смртта во 435 година.
Преданијата велат дека на овој ден треба да се отиде во црква и да се запали свеќа на овој светец. Доколку искрено се помолите се верува дека ќе ве прати среќа во текот на целата година.
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари