Бизнис
17. May 2017 - 16:29

Уставниот суд донесе конечна пресуда - земјоделските субвенции ќе се исплатат штом одлуката се објави во Службен весник

Земјоделските субвенции може да се исплаќаат. Уставниот суд донесе конечна одлука со која ги укина одредбите  од законите кои беа пречка производителите да ја добијат финансиската помош од државата.

Со денешната одлука на судот отстранети се сите правно законски пречки за кои ја забрануваа исплатата на субвенциите. Ова значи дека финансии без да сноси кривична одговорност може да почне со исплата по објавувањето на одлуката во Службен весник.

Од Министерството за финансси согласни  дека парите ќе легнат на сметките на змејоделците откако одлуката ќе биде официјално објавена и ќе стапи на сила. Субвенциите ќе се исплаќаат согласно динамиката предложена од Платежната агенција.

Уставните судии на денешната седница имаа спротиставени ставови за одлуката која не беше изгласана едногласно.

-Сметам дека оспорената одредба не е прецизна и создава правна несигурност и затоа поведовме постапка дека не е во согласност со Уставот. Со оспорената одредба не е утврдено на јасен и прецизен начин кое располагање со буџетски средстсва се смета  за незаконско и забрането и тоа создава правна несигурност Имајќи ги во предвид целите поради кои се донесени одредбите, а тоа е одвојување на партијата од државата и да се спречи злоупотребата на јавни пари во изборни циклуси, законодавецот требало да ги одреди забранетите облици на секое располагање со буџетски средства, смета Владимир Стојановски Судија известител.

-Не сме ние законодавна комисија за да му кажуваме на законодавецот што да менува во законите. Во законотне е конкретно наведено дека се забранува исплата само на змејоделските субвенции, има и други субвенции, и тие се забранети. Не можам да се согласам со одлуката и ќе реагирам, Гзиме Старова Уставен судија.

- Сметам дека  со укинување на одредбите ќе се повредат директно одредбите од Уставот на РМ и затоа нема да го поддржам укинувањето, е ставот на Сали Мурати, Уставен судија.

Земјоделците немаат земено субвенции 7 месеци. Прво ќе се исплаќа државната помош за 2015, а потоа и дел за 2016 та година.