Македонија
25. September 2016 - 10:05

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес со јачина од 2,7 степени бил регистриран во околината на Пехчево синоќа, четири минути по полноќ.
 
Според Европскиот сеизмолошки центар земјотресот бил на длабочина од 1 километар.
 
Последниот месец во Македонија имаше серија земјотреси, од кои најсилниот беше регистриран во Скопје со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.