Македонија
30. April 2024 - 19:43

Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата

Приватните специјализанти не се откажуваат од барањата за повисоки плати, здравствени осигурување и решавање на нивниот статус. Денеска повторно се собраа во паркот на Клинички и повикаа веднаш завршувањето на изборите да се најде решение за нив. Во меѓувреме ќе продолжат да работат и дежураат и за време на празниците за да им излезат во пресрет на пациентите.

- Алармираме кон новиот министер, дека првиот прием треба да биде во врска со нашите барања и нивно решавање, нагласи таа, повторувајќи дека е ова многу важно, за младите, особено медицинските лица, да не заминуваат од државава, изјави д-р Александра Георгиева, претседател на ЗЛС и приватен специјализант.

Младите лекари добија подршка од пензионираната професорка од Кожната клиника Маргарета Балабанова Стефанова, која години наназад беше прогласувана за најдобар едукатор на медицинскиот факултет токму од студентите. Со 42 годишно искуство како професор таа понуди решенија за приватните специјализанти и подготвена е да им помогне и во разговорите со здравствените власти во оствварување на нивните барања.

- Овој проблем мора да се реши, неопходни се решавање на проблемите на актуелните приватни специјализанти, соодветна кадровска политика, национална програма за здравство, што ќе го почитува квалитетот, изјави проф. д-р Маргарета Балабанова Стефанова, професор на Медицински факултет Скопје.

Приватните специјализанти работат за 26.000 денари плата и без здравствено осигурување, иако во 2018 година кога прв пат почнаа да добиваат месечни примања им беше ветено дека тие ќе се зголемуваат со растот на просечната плата која сега достигна 40.000 денари.