Македонија
21. May 2024 - 16:39

Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника

Македонија утре треба да ги добие последните двајца народни избраника по изборите на 8 мај. Ќе се  прегласува во 7 избирачки места во 5-тата и 6-тата изборна единица, откако  ДИК утврди, а Управниот суд потврди дека дека на правичното гласање на парламентарните избори имало прекршувања кај нив.

Се работи за по две избирачки места во општините Крушево и Долнени, и на по едно во Охрид, Струга и во општина Желино, со вкупно 4521 запишан избирач. Пред официјалното гласање денеска гласаат 45 болни и немоќни лица од овие избирачки места, како и 5 лица што се во притвор или затвор.

Од ДИК тврдат дека се е подготвено за утрешното гласање што може да го промени конечниот распоред на силите во Собранието. Изборниот материјал е дистрибуиран уште викендот, а денеска се доставуваат и уредите за идентификација преку отпечаток на прст. 7-те избирачки места имаат и нови избирачки одбори.

Во меѓувреме ДИК денеска на седница ги потврди мандатите на 118 народни избраника и им додели уверенија како подготовка за конститутивната седница на парламентот што треба да се одржи до 28 мај.