Укината забраната за камиони на патот Маврово-Дебар
На патниот правец крак – Маврово – Дебар од 09:10 часот изутринава е укината забраната за движење на тешки товарни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на патниот правец Демир Капија - Удово утрово е нормализиран, откако екипи на ЈП Макеоднија го расчистија каменот што падна на коловозот во близина на ресторанот „Белов“.
На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км, поради свлечиште патот е во прекин во двата правци. Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.
Општинскиот пат с. Долни Полог- с. Облешево пред Кочанска река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.
Eкипите на ЈП Македонија пат ги расчистија свлечиштата на патниот правец Кочани – Делчево. Поради врнежите од дожд и можноста од повторно активирање на свлечиштата од превентивни причини патниот правец Кочани-Делчево останува затворен за сообраќај. Сообраќајот е пренасочен преку Виница-Смојмирово-Делчево.
На патот Крива Паланка – граничен премин Деве Баир кај село Узем поради одрон зафатена е една коловозна лента во должина од 15 – 20 метри. На местото поставена е соодветна патна сигнализација. Екипите на ЈП Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.
На патниот правец Р1106 Марков Манастир – Брезница на 1 километар после клучката за Марков Манастир, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10-15 метри. На местото е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна сигнализација се до целосно расчистување на коловозот.
На регионалниот пат Берово – Виница кај м.в. Обозна поради одрон на камења сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
На патниот правец Делчево – Берово кај с. Нов Истевник поради свлечиште сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 5- 6 метри.
На патниот правец Удово – Валандово поради излевање на Калковска Река има вода на коловозот која не е голема и се препорачува внимателно управување со возилата. Екипите на ЈП Македонијапат работат на расчистување и оспособување на коловозот.
На патниот правец Р1404 Марвинци – Балинци – Брајковци под надвозникот кај клучка Марвинци поради излевање на каналите има вода на коловозот. Се препорачува користење на алтернативен патен правец Удово – Валандово – Гевгелија и обратно.
На патниот правец Куманово-Крива Паланка кај месноста усек с.Страцин има континуирано свлечиште од кал и земја кое зафаќа една лента од коловозот. Се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината и следење на поставената сигнализација.
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект