Македонија
19. May 2024 - 16:29

Светски ден на семејниот лекар

Од новата Влада лекарите по семејна медицина ќе бараат задолжително зголемување годишно на бодот на капитација.

Претседателот на здружението бара од новиот министер за здравство во најскоро време да се сретне со нив за да му ги презентираат своите барања за реорганизација.

Под мотото „Здрава планета, здрави луѓе“ во градскиот парк се одбележа светскиот ден на семејниот лекар. Граѓаните можеа да направат проверка на гликемијата во крвта, крвниот притисок и да се консултираат за здравствената состојба. Целта на здружението беше на овој начин да ја покренат здравствената култура кај населението за скрининг прегледи.