Ученици во Британија дојдоа во здолништа на училиште поради протест
Триесетина ученици од средно училиште во британскиот град Ексетер дојдоа на школо со здолништа, бидејќи не им е дозволено по жештини да носат шорцеви, а не обврзно пантолони.
Ученици од Акедимијата ИСЦА бараа дозвола од училиштето својата школска униформа да ја прилагодат на високите температури кои овие денови ја зафатија Британија.
Според децата, идејата ја добиле од директорката на училиштето иако некои сметаат дека директорката сериозно им рекла – наместо со долги пантолони да носат здолништа наместо шорцеви.
Учениците се надеваат дека со протестот ќе ја поттикнат училиштето да ја разгледа политиката за носење куси пантолони.
Школските прописи за униформи утврдуваат дека машките деца носат пантолони, а девојчињата или пантолони или карирани здолништа.
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам