-->
-->
Убедлива победа на Тотенхем против Стоук
-->
Фудбалерите на Тотенхем остварија убедлива победа со против Стоук во натпревар од 26.коло на англиската Премиер лига.
На средбата одиграна попладнево во Лондон, тимот на Тотенхем славеше триумф со 4-0, со три гола на Хари Кин (14, 32 и 37,минута), а еден постигна Деле Али (45).
Со освоените три бодови, Тотенхем се проби на второто место на табелата со дури десет помалку од лидерот Челзи, а еден повеќе од Манчестер Сити.
Ова беше единствениот натпревар денеска во Премиер лигата, поради финалниот меч од Лига ЕАФ Купот кој ќе се игра попладнево од 17.30 часот на „Вембли“, а во кој за трофејот ќе се борат Сандерленд и Манчестер Јунајтед.
На натпреварите од ова коло одиграни претходно беа постигнати овие резултати: Челзи – Свонси 3-1, Кристал Палас – Мидлсборо 1-0, Евертон – Сандерленд 2-0, Хал – Барнли 1-1, ВБА – Бурнемут 2-1 и Ватфорд - Вест Хем 1-1.
Утре ќе играат актуелниот шампион Лестер и Ливерпул.
Табела: Челзи 63 бода, Тотенхем 53, Манчестер Сити 52, Арсенал 50, Ливерпул 49, Манчестер Јунајтед 48,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари