Бизнис
23. October 2017 - 20:13

Тутунарите очекуваат повисока откупна цена за тутунот годинава

Подобар квалитет на родот од лани, но намалени проноси, ваква е оценката на тутунарите за произведеното оваа сезона. И покрај тоа што во одредени региони како што е струмичкиот производството на тутун бележи благо зголемување,  на ниво на цела дрважа годинава тоа е намалено . Главната причина за ваквата состојба се неповолните климатски услови променливото време.

,, Самите фирми очекуваа да соберат околу 25 милиони килограми тутун, по нивните пресметки и по засадената  хектаража,  но сепак временските услови не го дозволија тоа бидејќи во почетокот беше сушно, потоа заврна и неможеа да престасаат самите тутунопроизводители . Спрема нашите проценки се очекува околу 21 милион килограми тутун да се откупи оваа година.,, вели Марјанчо Трајков – здржение на тутунопроизводители Басмак - Василево

И покрај намалените приноси,  од здружението на тутунопроизводители Басмак од Василево очекуваат добра откупна сезона.Велат квалитетот на тутунот  е далеку подобар од минатогодишниот и токму затоа се надеваат на повисока просечна цена од ланската која изнесуваше 196 денари по килограм.

,, Оваа година очекуваме да биде зголемена цената, можеби не многу ама спрема квалитетот на тутунот да биде зголемена и самата цена бидејќи очекуваме и има убав квалитет .,, вели Трајков

На територијата на цела држава годинава со тутун биле засадени 14 150 хектари. За производството на овие површини тутунопроизводителите со откупните организации направиле 28.000 договори.