Турција се надева оти Трамп нема да ги повтори грешките на неговиот претходник
Турција очекува од САД решение по прашањето за предавањето на исламистичкиот проповедник Фетхулах Ѓулен и прекинување на поддршката за екстремистичките организации во Сирија, изјави турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш по седницата на Владата, јави ТАСС.
- Американскиот претседател Доналд Трамп положи заклетва и започна со работа. Како што разбравме, неговата администрација ќе преземе иницијативи насочени кон обезбедување на мир во Блискиот Исток. Ние се надеваме на истото и убедени сме дека тој нема да ги дозволи грешките на претходното раководство на земјата, посочи Куртулмуш.
Тој изјави дека го советува Трамп да ги преиспита ставовите по две прашања - едно од нашите главни барања од САД е да го предадат на Турција виновникот за обидот за преврат на 15 јули 2016 година Фетхулах Ѓулен, а исто така и прекин на контактите со „терористичката организација на Ѓулен ФЕТО“.
- Од наша гледна точка тоа е законско барање во светло на нашите сојузнички односи, забележа турскиот вицепремиер.
Второто критично прашање се однесува на прекинувањето на поддршката од стана на САД за сириската курдска Партија на демократскиот сојуз, што стана извор на нестабилност во регионот, истакна Куртилмуш.
Анкара ја смета Партијата на демократскиот сојуз за терористичка организација, поврзана со Курдската работничка партија.
- Ние упорно сакаме од САД да престанат да ја даваат таа поддршка. Напредокот по тие две теми ќе доведе до ново зајакнување на турско-американските односи, заклучи Куртилмуш.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети