Тројца полицајци повредени при протести во Марсеј
Тројца полцијаци се повредени попладнево во јужниот француски град Марсеј, за време на протести организирани од страна на синдикатите против владините реформи на законодавството за работни односи.
Како што јави ТАСС, за време на судирите полицијата привела тројца учесници на протестите.
Локалните власти на Марсеј соопштија дека на протестот учествувале над 11.000 лица.
Судири меѓу демонстрните и полицијата имало и за време на протестите против измените во законот за работни односи во Париз, каде се уапсени најмалку десет насилни учесници на демонстрациите.
Во судири на протестите против реформите на трудовото законодавство во Нант, полициските сили упоребиле и солзавец за разбивање на група насилни демонстранти кои се обиделе да ја преземат зградата на регионалното Собрание.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници