Бизнис
2. July 2017 - 16:25

Тевдовски: Промената на даночната политика ќе оди етапно

Промената на даночната политика ќе се прави етапно за да се обездбеди праведност во плаќањето на даноците, посочи министерот за финансии Тевдовски.

Паралелно со воведувањето на прогресивниот данок ќе се работи и на подобрување на квалитетот на услугите кои ги нудат институциите.

Претходно дел од експертите посочија дека треба да се зголеми данокот на добивка за големите компапнии со големи добивки и  дека тие не требаа да плаќаат исто како малите фирми и граѓаните.

Во даночната сфера, Тевдовски предлага во иднина освен црната листа на должници, да има  и бела листа каде ќе бидат посочени сите оние кои редовоно ги подмируваат своите обврски кон државата.

Тевдовски посочи дека од превземањето на власта кај фирмите исплатени се 2,5 милијарди денари по основ на ДДВ. Ги советува компаниите да се насочат кон нови инвестиции со што државата ќе прибира нови приходи во буџетот, а стопанството ќе ја заживее економијата.