-->
-->
Спустот во Кицбил за Фил
-->
Италијанецот Петер Фил победи на најпрестижната трка во Светскиот куп, спустот во Кицбил, кој се вози на легендарната патека Штрајф. Фил до втората победа во кариерата, прва по ноември 2008 година, стигна со време 1:52.37 минути.
Спуст трката во Кицбил, во светот на скијањето го има значењето на Вимблдон во тенискиот свет, Супербоулот во американскиот фудбал или трката во Монте Карло во светот на Формула 1.
Ова година, поради лошите временски услови, организаторите имаа големи проблеми, поради што стартот неколку пати беше одложуван.
Тешките временски услови донесоа неколку изненадувања и испаѓање на фаворитите (Штрајтбергер, Рајхелт, Свиндал). Најлошо мина Штрајтбергер кој поради повреда на коленото заврши во болница.
Лошиот ден на фаворитите го искористи Фил, кој до победата стигна пред Швајцарците Беат Фојц и Карло Јанка.
Иако не ја заврши трката Свиндал остана лидер во генералниот пласман со 916 бодови, 97 повеќе од Хиршер. Норвежанецот со 436 бодови води и во поредокот во спуст, пред Фил кој има 291 бод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН