Македонија
8. јуни 2017 - 14:06

Спасовски: Санкции за одговорните на 27-ми Април

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес конференцијаи нформираше за извештајот на работната група во кој има детални случувања од 27 април и случувањата во Собранието кога беа нападнати пратеници.

Истрагата се уште трае, а како што ќе напредува и ќе добива нови информации МВР ќе ги споделува со јавноста.

Министерот Спасовски истакна дека МВР мора да го исчисти срамот од инцидентите во Собранието.

Без санкции на одговорните, МВР нема да продолжи да работи професионално, оваа институција мора да се департизира, посочи министерот Спасовски.

Целиот извештај МВР уште денеска ќе го достави до Јавното обвинителство кое понатаму ќе постапува и презема мерки.