Македонија
2. December 2017 - 16:24

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општина Вевчани си поднесоа оставка и ги вратија мандатите поради начинот на владеење на СДСМ

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од општина Вевчани денеска поднесе неотповиклива оставка враќајќи ги своите мандати кои ги добија од страна на граѓаните во знак на револт и протест од начинот на владеењето на гарнитурата предводена од СДСМ тие најавија дека повеќе нема да учествуваат во работата на советот.

Советот на општина Вевчани брои 9 советници од кои четворица се од редовите на ВМРО ДПМНЕ .

Ова е прв ваков случај во Македонија советници да поднесат неотповикливи оставки. Претходно од истите причини членовите на советот во Ресен ја бојкотираа седницата во знак на солидарност со притворените за инцидентот во македонското Собрание што се случи на 27-ми април.