Сомнителни активности во севернокорејски нуклеарен комплекс, според експерти на САД
Сателитски снимки покажуваат обнова на активностите во севернокорејскиот лабораториски комплекс, Јонгбјон, каде може да се произведе плутониум за нуклеарно оружје, тврдат американски експерти.
Според американскиот сајт „38 Норт“ изминатите пет недели неколку пати е забележано исфрлање на пареа од радиохемиската лабораторија во Јонгбјон, каде е сместен нуклеарен реактор со плутониум. Тоа укажува дека зградата, во која се преработуваат нуклеарни материјали се загрева, иако не е јасно за какви активности.
Во комплексот Северна Кореја одделува плутониум, кој може да се користи за нуклеарно оружје. Во 2013 година Пјонгјанг ги објави намерите за обновување и рестартирање на атомски објекти, вклучувајќи го реакторот, кој беше затворен во 2007 година.
Ново на Сител
-
Над 60% загуба на вода во водоснабдителниот систем на ЈП „Исар“-Штип
-
Во вооружена престрелка на Пластичарска загина 29 годишен скопјанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативните форми на туризам се поактуелни на туристичкиот пазар
-
Тема на денот со Павле Воскопулос - „Виножито“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски се поблиску до 2/3 мнозинство во собранието
-
Официјална Атина продолжува да предупредува за непочитување на Преспанскиот договор