Loading Video...
Свет
27. May 2024 - 12:24

Преглед на вестите од светот

Домар во бугарско училиште заврши зад решетки оти ги снимал учениците и ги повикувал да скандираат Да живее Македонија. Кога дете му одговорил да живее Бугарија, тој му одговорил дека ќе го истепа. Како што пренесуваат бугарските медиуми, портирот одел во живо на социјалната мрежа Тикток, снимајќи ги учениците, но и училишниот персонал во средно училиште во Враца. Директорката на училиштето била шокирана од настанот.

„Нашиот вработен, домарот Петков, вршеше незаконски снимања на ученици без дозвола на нивните родители, ги снимаше колегите без нивно знаење и директно емитуваше од неговото работно место, што е апсолутно кршење на работната дисциплина и етичкиот кодекс за работа со деца и ученици“, изјавила директорката Снежанка Каменова за бугарските медиуми.

Поради сериозноста на инцидентот, директорката изјави дека најверојатно ќе добиел отказ.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска положи венец за време на неговата тридневна државна посета на Германија на Меморијалот на Холокаустот во Берлин, посветен на Евреите убиени од нацистите.

На Макрон му се придружија неговите германски колеги.

Според агендата, Макрон денеска се очекува да одржи говор во Дрезден, пред да отпатува за Мунстер за да ја прими Меѓународната награда за мир.