Со години се молчеше за тоа: Еве зошто близнаците Саша и Дејан Матиќ го изгубиле видот
Саша и неговиот брат Дејан Матиќ со години владеат со српската естрада и со своите моќни вокали и хитови имаат милионска публика.
Браќата близнаци Саша и Дејан Матиќ се родени на 26 април 1978 година во Дрвар како здрави, но прерано родени момчиња кои таткото Зоран и мајката Драгица морале да ги сместат во инкубатори во родилиштето во Загреб.
Од неутврдени причини, двете бебиња само неколку дена по раѓањето во болницата ослепеле, а тој недостаток судбината им го надомести со извонреден музички талент, благодарение на кој веќе неколку години се најпопуларни пејачи во Србија и во регионот.
Познатиот водител еднаш го праша Саша дали е вистина дека поради Дејан не сака да ги оперира очите, иако знае дека после тоа би прогледал, зошто како што наведува, тоа кај него не е случак, на што добил одговор дека за тоа - не се зборува.
Очигледно водителот не бил доволно информиран за животната приказна на браќата Матиќ која е многу тажна.
Тие двајцата како недоносени близнаци биле во инкубатор и наводно поради невнимание на медицинската сестра останале слепи, иако како бебиња се родени со нормален вид.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден