Снежна бура во Хрватска - автобус со деца заглавен на Сљеме
Снежно невреме попладнево ја зафати планината Сљеме, крај Загреб, а два автобуса со деца останаа заглавени бидејќи претходно комбе слетало од улица и го запрело сообраќајот, пренесува порталот Индекс.хр.
Хрватскиот портал уште наведува дека децата сега чекаат во Томиславец патот да се исчисти.
И планината Биоково е погодена од снежна бура, а призорите потсетуваат на сцени од хорор филмови. Снимка од бурата и силните и гласни удари на ветрот на својот профил на Фејсбук ги објави Крометео.
На планината досега наврнаа 20 сантиметри снег.
Во попладневните часови снег почна да паѓа и во Карловац и Вараждин, каде паднаа речиси десет сантиметри снег.
Според прогнозите, следната недела може да се очекува ново заладување и повеќедневни врнежи од снег, наведува Индекс.хр.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите