Случки од животот во Неготино: Еден жител нападнат од куче, друг нападнал полицајци
Неготинец на возраст од 31 година нападнал полицајци, откако тие се обиделе да ја легитимираат групата која го нарушувала јавниот ред и мир, изјави Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Настанот се случил утрово околу околу 01.30 часот на улицата „1 Мај“ во Неготино.
- При вршење на позорна служба униформирани полициски службеници забележале група на лица кои го нарушувале јавниот ред и мир со викање и откако ги опоменале пристапиле кон нив за да го утврдат нивниот идентитет. Тогаш едно од лицата физички ги нападнало, по што, истиот бил приведен во Полициската станица. Таму било утврдено дека се работи за лицето Г.Д.(31) од Неготино, кој е задржан се до расчистување и документирање на случајот, појасни Додевски.
Неготинец бил каснат од куче додека се движел по улицата „Гоце Делчев“ во Неготино.
Портпарол на СВР Велес Верољуб Додевски, кој ја потврди информацијата, појасни нападот се случил вчера, кога 47-годишниот Неготинец пријавил дека куче скокнало врз него и го каснало на градите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови