Скопскиот регион зафатен од нестабилно време со грмежи, дожд и ветер
Скопскиот и Полошкиот регион вечерва се зафатени од нестабилно време проследено до грмежи, дожд и ветер, информираат од УХМР.
Повеќе е зафатен северниот дел на Скопската котлина и северниот дел на градот. Дува и повремено засилен северозападен ветер кој достигнува брзина и до 50 км/час.
Како што наведуваат од УХМР, вечерва и преку ноќта претежно во северните и западните делови ќе има повремено пороен дожд и грмежи проследени со поинтензивен ветер.
Утре ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Наместа можни се поинтензивни врнежи од пороен дожд и грмежи и понекаде локално вкупно ќе наврнат и над 25 л/м2 воден талог и тоа особено на северот и во планинските региони на запад и на исток. До вечерните часови врнежи ќе има на југот и југоистокот. Утре ветровито ќе е од преку ноќта, а ќе дува и повремено засилен северен ветер особено попладне, долж Повардарието и кон североисток.
Дневната температура ќе е пониска за 8 до 10 степени во однос на денешната.
Во вторник ветерот се уште повремено ќе засилува, но ќе започне период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Температури слични на денечниве ќе има на крајот од работната недела, но со посвежи утра.
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите