Бизнис
20. November 2017 - 22:35

СКМ: Македонија за 5 години може да остане без сметководители

За 5 години ќе има недостиг од сметководители, алармираат надлежните.  Повеќе од половина од нив се над 55 години и за некоја година ќе се пензионираат.  Нови кадри во секторот има малку затоа што младите не сакаат да се занимаваат со оваа дејност . Само 24 отсто од вкупниот број се на возраст до 35 години. Според надлежните за да се зголеми интересот за професијата потребна е примена на нови технологии.

- Неопходна е примена на информатичка технологија, дигитални платформи и мобилни апликации за подобрување на услугите, како и користење социјални мрежи во насока на изнаоѓање нови клиенти и поквалитетна комуникација со постојните. Кога ќе се спомне сметководител кај нас, обично се мисли на лице кое седи во канцеларија и во својот компјутер внесува промени за деловните трансакции на клиентите и дава известување до УЈП, но малку се зборува за лица кои анализираат финансиски извештаи, комуницираат со своите клиенти, помагаат во донесување стратешки одлуки... Во развиениот свет под сметководител се подразбира оној што директно соработува со своите претпоставени и менаџер - вели Папазовска.

Од 2009 наваму сметководителите во земјава  работат  по застарени меѓународни стандарди кои претрпеле многу измени, но кај нас сеуште не се преведени. Поради ова е доставена иницијатива до Владата за превод на истите.

Овластените сметководители сеуште се соочуваат со нелојална конкуренција. Папзовска информираше дека поради ова е потпишан договор со Централниот регистар. Во иднина сметководствените  документи ќе можат да ги поднесуваат само овластени лица а не диви сметководители.

Во земјава има речиси 7,200  овластени сметководители и 1 221 трговско друштво за вршење на дејноста.