Балкан
28. May 2017 - 12:36

Силна експлозија синоќа ги исплаши граѓаните - се слушале сирени, сите излегле во паника

Силна експлозија одекна синоќа во Белград во 22 часот и 40 минути. Меѓу граѓаните завладеала паника, и никој не знаел што се случувало.

Како што денеска пишува српскиот Курир, експлозијата се случила во складиште за автомобили, а за среќа никој не бил повреден. Од местото на настанот се издигал густ чад и се слушале сирени.

Според една верзија, во складиштето експлодирала плинска боца, додека според друга верзија, фрлена била експлозивна направа.

Она што е најчудно е што нема никаков кратер, ниту пак разлетани делови кои би укажувале на експлозивна направа.

На местото на настанот е направена голема штета. Се очекуваат повеќе детали.