Бизнис
9. November 2017 - 20:26

Штрајкот на ФЕНИ ставен во мирување до понеделник - бугарски Енекод има нов рок да понуди повиока цена

Протестот на вработените од Фени во мирување до понедленик кога велешкиот суд треба да одлучи дали има услови фабриката да оди под стечај. Ова е одлучено на  средбата во Владата помеѓу  сидникатот на Фени,  градоначалникот на Кавадарци  Јанчев и  вицепремиерот  Анѓушев. До тогаш  се чека и Бугарскиот инвестиор  да ја смени  понудата за доверителите, за да се спаси комбинатот. И од Еенекод добиле уверување  дека деновиве ќе излегле со нов предлог, откако банките го одбија претходниот во кој инвеститорот  им понудил само 3 милиони евра.  Оваа  сума за нив е неприфатлива. Фени кон нив должи повеќе од 40 милиони евра. Ако не се постигне договор единствено решение за Фени да добие стабилен  инвеститор е во понедленик да биде отворен стечај.

Вработените од Фени утринава  повторно  протестираа со блокирање на патот  Прилеп Градско. Лути на банките кои иницираа отворање на стечај побараа  фабриката да работи цело време до моментот на продажба , а работнците да имаат статус на вработени.

Во меѓувреме привремениот  стечајниот управник Мирослав Атанасиевски информира дека во финална фаза е извештајот за спроведената претходна постапка. Во него е наведено дека фабриката е во тешка финансиска состојба како резултат на лошото менаџирање.

Фени Индустри  има добар бизнис потенцијал, а отворање на стечајна постапка во овој момент е единствен начин за зачувување на имотот, спречување на настанување на штети и изнаоѓање на најбрзо можно решение за рестартирање и ангажирање на вработените во одржување на технолошкиот минимум, со изнаоѓање на нов стратешки инвеститор и брз премин кон нормално функционирање, порачува привремениот стечаен управник Мирослав Анастасиевски.

Вработените и синдикатот се надеваат дека до понеделник ќе падне договор со бугарски енекод  и фабриката  нема да оди под стечај За фени нтерес има и од еден швајцарски фонд и француска компанија.