Што остана од канцеларијата на Иванов кога навалија стотици демонстранти и хулигани
Денешната одлука на македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја разбранува државава попладнево. Меѓу 300 и 500 лица излегоа да демонстрираат против ваквата одлука.
Групата демонстранти, меѓу кои можеше да се забележат и хулигани со јајца ја нападнаа и демолираа народната канцеларија на претседателот Иванов која беше под силно полициско обезбедување.
Дел од медиумите веќе објавија дека за вечерва се најавува голем масовен протест од незадоволни граѓани кои изреволтирани од одлуката за помилување на Зоран Заев и Зоран Верушевски.
Од ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека тие што ја предизвикаа политичката криза преку интриги, подземни сценарија, деструктивно однесување кое е спротивно на интересите на народот и државата треба и мора да одговараат.
-Ставот на ВМРО ДПМНЕ кон сето ова што се случува во државата е јасен, не може да не одговараат луѓето кои повеќе од година и пол ја држеа Македонија во заложништво, ги кршеа законите, ги уриваа институциите на државата и го закрвуваа народот. ВМРО ДПМНЕ со фрапираност и неверување ја проследи прес конференцијата на Претседателот Ѓорге Иванов, зијавија од владејачката партија.
Ново на Сител
-
Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш
-
Возило излетало од патот Прилеп - Скопје кај кавадаречко Раец
-
Гаши за Сител: Стана традиција Албанец да е претседател на Собрание
-
На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ
-
Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза
-
Верижен судир кај Долно Косоврасти, повредено лице пренесено во болницата „Свети Еразмо“
-
Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор е правен акт и реалност, ќе го почитувам
-
Мицкоски на средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“