-->
-->
Штипските пчелари ќе го пошумуваат локалитетот „Клисибаир“
-->
Вкупно 1.500 садници багрем за пошумување локации кои беа зафатени со пожар, набави Општина Штип на иницијатива на Здружението на пчелари „Нектар“.
Како што информира денеска советникот за екологија во Општината Влатко Панев, дрвцата ќе бидат засадени во опожареното место Клисибаир.
- Се надеваме дека оваа практика ќе стане традиција. Со неа ја најавуваме и пролетта, убавото време, и апелирае до сите граѓани што помасовно да ги засадуваат опожарените места, рече Панов на прес-конференција.
Според претседателот на Здружението на пчелари „Нектар“ Марко Миховски, иницијативата на пчеларите е со цел на опожарените места повторно да има дрвца. Багремот е и медоносен вид, а најмногу успева на штипското поднебје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници