Бизнис
15. March 2017 - 19:50

СДСМ: Да се исплатат субвенциите за земјоделците

СДСМ денеска повика субвенциите за земјоделците да бидат веднаш исплатени.

- Министерот Цветков прво се оправдуваше дека требало да се направат измени на законите. Откако стана јасно дека тоа не поминува, сега се оправдува со оставката на директорот на Платежната агенција, рече членот на Извршниот одбор на партијата Љупчо Николовски на прес-конференција.

Според него, решението на овој проблем, но и на кризата во која се наоѓа земјата, е претседателот Ѓорге Иванов да го даде мандатот на претседателот на СДСМ Зоран Заев за формирање влада.

- Зошто не се исплатени стотици милиони евра останати субвенции од претходните години? Тоа можеше и мораше да биде направено досега. Станува збор за субвенции што не се исплатени и од 2016 година, но и субвенции што со години наназад не се исплатени, посочи Николовски.