СДСМ: Човек кој манипулира за наводна асимилација и бугаризација не може да биде опција за иднината
Граѓаните со дебаклот на протестот му упатија јасна порака на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски дека не сакаат блокади и деструкции.
Наместо да биде единствен опозициски политичар кој и во време на криза работи против државата и граѓаните, Мицкоски конечно треба да ја прими и разбере пораката од јавноста.
Деструктивното дејствување на штета на граѓаните и на државата е неодговорно, особено во време на најголема економска и енергетска криза по втората светска војна.
Граѓаните знаат дека човекот кој едно зборува дома, а друго надвор, кој ги поткопува државните позиции, манипулира за наводна асимилација и бугаризација не може да биде опција за иднината.
Лагите на Мицкоски, кој брани криминал од епски размери, потврден со судски одлуки, како Талир 2, кој незаконски грабал од народот за криминално да го направи Белиот дворец не поминуваат кај граѓаните.
СДСМ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници