-->
-->
Саудиска Арабија дозволи отворање кино-сали во 2018 година
-->
Саудиска Арабија денеска објави дека ќе дозволи да се отворат кино-сали. Најверојатно првите кина во конзервативната монархија ќе бидат отворени на почетокот на следната година.
- Комисијата за аудиовизуелни медиуми го започна процесот за лиценцирање на кино-салите во монархијата, изјави министерот за култура и информации Ауад бин Салих ал Ауад.
Тој додаде дека првите кино-сали треба да бидат отворени во март 2018 година.
Во Саудиска Арабија кината се забранети од 1980-те по бран ултраконзерватизам во државата.Западни медиуми јавуваат дека тоа ќе бидат првите кина што ќе се отворат по повеќе од 35 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!