-->
-->
Само во Мексико: Пронајдени 1.130 килограми марихуана сокриена во моркови!
-->
Граничарите на границата САД - Мексико пронашле повеќе од тон марихуана која била наполнета во лажни моркови.
Службениците тврдат дека пронашле 1.130 килограми марихуана во недела откако надзорниот систем забележал камион кој го превезувал овој производ во близина на Мексичкиот залив.
Уличната вредност на дрогата се проценува околу пола милион долари, сооштиле локалните власти.
Полицијата соопштила дека околу 3.000 лажни моркови во кои имало марихуана биле измешани со вистински зеленчук. Случајот во моментов е под истрага од страна на Одделот за домашна безбедност.
Ова не е прв пат на криумчарење дрога на овој начин, во ноември властите пронашле марихуана и кокаин во вредност од 2 милиони долари, сокриени во краставици и моркови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови