Руска амбасада на Твитер: Македонската страна ќе ги носи последиците од протерувањето руски дипломат
Македонската страна ќе ги носи последиците од протерувањето на рускиот дипломат, објави вечерва руската амбасада во Македонија на Твитер, по одлуката на македонското Министерство за надворешни работи да протера еден руски дипломат поради случајот Скрипал.
- Владата донесе одлука да протера руски дипломат. Целосна одговорност за последиците од оваа провокација и исклучително непријателски чин без преседан во руско-македонските односи ќе ја носи македонската страна, објави руската амбасада на Твитер.
Одлуката на македонското МНР, како што претходно беше соопштено, е донесна по консултации со сојузници и партнери од ЕУ и НАТО.
За случајот Скрипал од 14 земји членки на Европската унија ќе бидат протерани најмалку 30 руски дипломати, во глобална координирана акција како одговор за Москва поради случајот Скрипал.
Ново на Сител
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!
-
Од 1 јуни Македонците полесно до работна виза во Германија
-
Протест во зоната на Визбегово
-
Земјоделците постигнаа времен договор
-
Преглед на вестите од светот