Македонија
28. May 2024 - 16:46

Протест во зоната на Визбегово

Почна изградбата на Асфалтната база во Индустриската зона Визбегово. Здружението на инвеститори во зоната излегоа на протест.

Бараат проектот да се стопира и да се дислоцира подалеку од ова населено место. Велат дека околу 10.000 жители директно ќе почувствуваат штета од базата.

- Нашата Индустриска зона е препорачана за лесна, незагадувачка индустрија. Значи, некоја будала таму пробува асфалтна база да прогура како незагадувачка индустрија, а сите знаеме што се испарува од процесот на топење на битумен. Незаконито е постоење на асфалтна база во Индустриска зона којашто е наменета за лесна, незагадувачка индустрија.

Здружението се сомнева на фабрикувани документи и велат дека ќе ги искористат сите демократски средства за да ја спречат изградбата.

-Веќе се вршат работи, ма да нашите информации говорат дека компанијата се уште нема А1 интегрирана дозвола што е предуслов за да почне и да работи. Како и да е, ние сме решени во нашите намери дека ќе ги спречиме сите активности, нормално со сите демократски средства, соработувајќи со институциите за да се попречи загадувањето на животната средина иако што офф-рекорд информациите говорат дека елаборатот покажува дека има 0 загадување. Не може некој да не убеди.

Компанијата Топ Билд, која ја гради асфалтната база вели дека одобрение за градба е добиено согласно сите законски прописи за градба кои вклучуваат и заштита на животната средина. 

Сметаат дека се мета на црна кампања. 

-Денешните настани кои го ограничија нашиот пристап до локацијата за која имаме правосилно одобрение за градба предизвикуваат огромни штети за нас како инвеститори, а со тоа се предизвикува и слабеење на националната економија. Компанијата Топ Билд во последно време е мета на црна кампања во која одредени субјекти се служат со манипулативни информации, а овие денешни активности се кулминација на истата. Денешното незаконско попречување на пристапот до приватен имот од наша страна како инвеститори, е пријавено до надлежните органи, велат од компанијата. 

Во Македонија има 10тина асфалтни бази кои главно се изградени на неколку километри од населени места. Според меѓународни истражувања, процесот на производство на асфалт може да генерира емисии на различни загадувачи кои можат да влијаат на респираторни проблеми, алергии, а во одредени случаи и појава на рак и неуро-психијатриски проблеми.