Loading Video...
Кошарка
14. March 2018 - 12:58
Реал очекувано славеше на гостувањето кај Милано
Екипата на Реал Мадрид забележа очекувана победа на гостувањето кај Армани Милано со 88-77 во воведниот дуел од 26.коло од Евролигата.
До 11-тата победа во дванаесетте меѓусебни дуели против „манекените“, тимот на Реал го предводеа Густаво Ајон со 15, Факундо Кампацо со пен помалку (14) и Џејси Керол со 12 поени.
Со овој триумф, Реал се искачи на четвртата позиција на табелата, на која лидер е московска ЦСКА која в петок во дербито на колото гостува кај актуелниот шампион Фенербахче во Истанбул.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->