Loading Video...
Кошарка
23. May 2023 - 19:55

Јуве се подалеку од ЛШ

Фудбалерите на Емполи на свој терен го победија Јувентус со 4 :1 , во натпреварот од 36. коло на италијанската Серија А.
Стрелци за Емполи беа Франческо Капуто од пенал во 18. и 48., Себастијан Луперто во 21. и Роберто Пиколи во третата минута од судиското надополнување.
Голот за Јувентус го постигна Федерико Киеза во 85. минута.
Со овој триумф Емполи е на 14. позиција со 42 бода во Серија –А.
Во пресрет на овој натпревар беше соопштено дека Старата дама ќе биде казнета со одземање на 10 бода со што е се подалеку од позициите кои водат во Лигата на шампионите. 
На Јувентус му беше потребна победа против Емполи за да му се доближи на Милан на само два бода против кого игра следниот викенд. 
Да потсетиме клубот од Торино пред изречената казна беше цврсто на 2. Позиција на табелата. Италијанските медиуми шпекулираат дека на Јувентус му се подготвува уште потешка казна.