Кошарка
27. April 2016 - 19:40

Работнички со „брејк“ во Куманово, Фени поведе со 2:0 против Кожув

Кошаркарите на Фени Индустри и на Работнички со победи стартуваа во плеј офот. Фени Индустри поведе со 2-0 во добиени натпревари, додека Работнички изедначи на 1-1. Фени Индустри го победи Кожув со 100:96, додека Работнички го победи Куманово на негов терен со 85:82.
 
На крајот од третата четвртина на дуелот во Кавадарци тренерот на гостите Марјан Илиевски беше исклучен, а во завршницата на тој период домашниот тим имаше предност и од 22 поена разлика (78:56). Гостите од Гевгелија во финишот намалија на два негатива (98:96), но немаа време за целосен пресврт. Кирил Николовски со 30 поени беше најефикасен на дуелот.
 
На дуелот во Куманово, Работнички пресвртот го направи во послендиот период кој го доби со 27:16. Најефикасен на натпреварот беше Бојан Трајковски од Куманово со 33 поени.
 
Следните натпревари се играат во петок во Гевгелија и во салата „Градски Парк“ во Скопје.