Прв академски час на Технолошко-техничкиот факултет во Велес
Со академски час за бруцошите стартува новата академска 2015-2016 година на Технолошко-техничкиот факултет со седиште во Велес.
Добредојде им посака деканката на факултетот проф. д-р Валентина Павлова која ги запозна студентите со наставните предмети и професорите. Во нивна чест беа интонирани химната на Македонија и студентската химна „Гаудеамус игитур“.
Деканката Павлова им ги врачи и индексите на вкупно 53 студенти од кои на насоката нутриционизам се запишани 23 редовни и 10 вонредни студенти, а на насоката прехранбена технологија и биотехнологија 20 редовни студенти.
- Надлежните велат дека факултетот, кој е единствен од ваков вид во земјава и пошироко, има перспектива, затоа што нашите кадри се барани на пазарот на трудот, потенцира деканката Павлова.
Информира дека Факултетот работи од академската 2008/2009 година и на него досега дипломирале над 100 студенти од кои добар дел нашле работа во индустријата за здрава храна или отвориле сопствен бизнис. Посочи дека во понеделникот била одбранета и првата магистерска дисертација.
Прецизира дека на дисперзираните студии на Факултетот во Кичево и Битола во оваа академска година се запишале 75 студенти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници