Македонија
28. November 2017 - 23:45
Протест на ВМРО – ДПМНЕ пред судот - Груевски повика на безусловно ослободување на притворените
Со протести пред Судот ВМРО-ДПМНЕ бара слобода за приведените граѓани и политичари во полициската акција утринава. Партискиот лидер, денеска на прес конференција рече дека акцијата на СДСМ е насочена против секој која ја критикува Владата и има за цел да подготви терен за промена на името
По прес конференцијата, Груевски заедно со партиското раководство и пратеничката група се упати на протестите пред Кривичниот суд. Таму го пречекаа партиските симпатизери. Стотици граѓани со часови на студеното време ја чекаа одлуката на Судот.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа слобода за своите колеги и приведените граѓани.
Денешниот протест пред судот е прв кој го организираше ВМРО-ДПМНЕ откако партијата ја загуби власта и премина во опозиција.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->