Македонија
26. December 2024 - 16:44

Последни пратенички прашања за годинава

ДУИ ќе продолжат да отвораат моноетнички теми и ќе се обидуваат да создадат меѓуетнички конфликт, но дека тоа нема да им успее порача премиерот откако пратениците од Европскиот фронт го обвинија дека врши притисок врз Уставниот суд за Законот за јазици.                                                          

А уставните измени ќе се случат тогаш кога ќе бидат добиени гаранции дека нема да се случи ново бугарско вето, дециден е министерот Муртезани. На обвинувањата дали Вреди ќе ја напуштат владата бидејќи не е испочитуван рокот од 6 месеци за менување на Уставот, вели никогаш не го кажале тоа.

Дали ќе има измени на законското решение за недела неработен ден ќе се знае по следната седница на Економско-социјалниот совет. Премиерот вели или никој да не работи, или да работи некој за двојно или тројно повисока дневница

Министерот Тошковски, потврди дека се испитува дали граничниот полицаец кој го пропуштил пребеганиот поранешен вицепремиер Артан Груби на границата со Косово бил дел од организирано бегство, или пак направил ненамерна грешка. 

Уапсено е и едно лице поврзано со случајот „Државна лотарија“ кое треба да биде спроведено во обвинителство, потврди министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочовска, поради злоупотреба на буџет.

На првата собраниска седница во новата година, која треба да биде закажана за 10 јануари, пратениците ќе одлучуваат за интепелациите на министрите Меџити, Стоилковиќ, Тошковски и неговиот заменик Исени, како и за пратеничката Илире Даути.