Пронајдено телото на уште едно исчезнато дете во Берлин
Германската полиција го пронашла телото на шестогодишниот Елијас, кој што се води како исчезнат од јули оваа година. Потрагата по детето кое што исчезнало од пред неговиот дом во Потсдам близу Берлин заврши со потврдата дека пронајдената ДНК е идентична со телото откриено во дворот на имот на осомничениот за друго убиство.
Локацијата на телото е пронајдена по признанието на 32-годишниот убиец на четиригодишното дете од Босна и Херцеговина, Мухамед Јанузи , кој што на 1 октомври беше киднапиран пред бегалски центар во Берлин додека ги чекал своите родители и браќа и сестри. Неговото тело минатата недела беше пронајдено во багажникот на возилото на убиецот.
Осомничениот кој согласно германските закони во оваа фаза од истрагата се именува како Силвио С. беше уапсен во четвртокот откако неговата мајка го препознала на сликите од безбедносните камери на кои што се гледа како за рака го држи малиот Мухамед. Тој ги признал сексуалните злосторства и убиствата на двете деца.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети